Биографија
Медицински факултет завршив на медицинскиот факултет во Скопје и се здобив со назив доктор по медицина. Првата моја работа беше како лекар по општа медицина во амбулантите Драчево,Пролет и Бутел. Подоцна работев како доктор по општа медицина и управник во амбуланта “Пожарање” при медицински центар Косовска Витина. Следното мое искуство го започнав во медицински центар Велес, амбуланта при топилница Велес. Специјализација завршив 1988 год, и работев како началник на одд. по трудова медицина во Велес и претседател на прва и втора степена комисија за боледувања. Со назив примариус се здобив во 1999 год. и бев началник и специјалист по трудова медицина во Поликлиника “Железара”. Две години работев како специјалист по медицина на труд во Поликлиника “Ремедика” Скопје. Моментално работам како специјалист во Поликлиника Биотек. Автор сум на повеќе од 40 труда и коавтор на преку 20 труда и учеснк на повеќе конгреси во поранешна Југославија и дел надвор од неа. Учесник на 2 проекта по токсикологија со институтот за медицинска биохемија при мед. факултет и клиника за нефрологија-Скопје.