Проф – др. Гоце Спасовски
Доктор специјалист интернист, субспецијалист нефролог
Образование
2005 Субспецијалист нефролог – Медицински Факултет – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Р.С. Македонија
2002 – Доктор по медицински науки – нефрологија, Медицински факултет – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј “, Скопје, Р.С. Македонија и Медицински факултет, Универзитет Антверп, Белгија
1998 Магистер по медицински науки – нефрологија, Медицински факултет – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј “, Скопје, Р.С. Македонија
1992-1996 Специјализација по Интерна медицина-Медицински факултет – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј “, Скопје, Р.С. Македонија
Стручна и научна активност
Искуство и сертификација за работа на дијализа, како и за одделенски лекар на оддел за трансплантација на бубрег 1990-1997 г
ЕХО-сонографија работи од 1996 г како и Доплер на крвни садови на бубрег од 1999 г
Трансилијачна коскена биопсија од 1998 г.
Биопсија на трансплантиран бубрег од 2002 г, пункција на аквирирани цисти на бубрег со склерозација од 2008 г
Следење и лекување на болни со пресаден бубрег 1997 – тековно
Работно искуство
1990 – тековно – Клиника за нефрологија, Медицински факултет Скопје, УКИМ
1993 – 1 месец престој во Катовице, Полска кај Проф. Ф. Кокот за работа во научно-истражувачка лабораторија и клиничка практика
1994 – 1997 (периодичен престој во траење од 1,5 г кај Проф. Марк де Бру) – работа на проект со лабораториски животни, едукација за изведување на коскена биопсија и хистоморфометриска анализа, како и следење на клиничката работа на Клиниката за нефрологија, Универзитет Антверп
2003 – Атина, Грција кај Проф. Х. Статакис на Клиниката за нефрологија и трансплантација за доусовршување во изведба на бубрежни биопсии со специфики за трансплантиран бубрег, како и следење на работата во амбулантата за трансплантирани болни
Публикации и презентации
· Медлине публицирани стручни трудови 242 (највисок број на публикации на МФ Скопје)
· Гугл сколар цитати 8280
· Хирш индекс 43
· Севкупен број на публикации (со книги и поглавја, учебници, статии) повеке од 550
· Презентации на Конгреси и како поканет предавач повеке од 250
Професионални членства и активности
Член е на: МЛД и Лекарската Комора на Р. Македонија, International Transplantation Society, ESOT – European Society of Organ Transplantation, ESAO – European Society for Artificial Organs, EUTox – European Uremic Toxin group, ERA -EDTA – European Renal Association-European Dialysis and Transplantation Association и ASN – American Society of Nephrology.
Секретар е на МЗНДТВО (Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи) 2005/11, а од 2011 е претседател на МЗНДТВО.
БАНТАО (Balkan Cities Association of Nephrology, Transplantation and Artificial Organs) секретар е во периодот 2005-2007, а член е и на Советот на БАНТАО од 2007.
Претседател во избор на БАНТАО – 2019.
Редовен член е на Советот на Интернационалното здружение за прочистување на крвта е од 2018.
Редовен член е на Советот на Европската ренална асоцијација, 2006/2009, и со втор мандат е избран за периодот 2016/2019
Раководител е на ERA–EDTA комитетот за континуирана медицинска едукација 2009/2013 со годишна организација на околу 30 курса за континуирана медицинска едукација низ Европа, Балканот, Турција и соседните средоземни држави од афиканскиот континент.
ЕРА-ЕДТА номиниран претставник е во ЕУТокс Бордот 2013–.
Член е на групата за продукција на препораки во нефрологијата – European Best Practice Guidelines (EBPG) 2007/16-.
Раководител е на групата за продукција на препораки во областа на хипонатремија во нефрологијата, ендокринологијата и медицината во интензивната нега – European Best Practice Guidelines (EBPG) group for hyponatremia 2010-2013.
Член е на ISN – COMGAN комитетот за Источна и Централна Европа на Интернационалното нефролошко здружение во периодот 2007/2016–.
Претседател е на работната група 1 на EuroKUP (European Kidney and Urine Proteomics – WG1), иницирана преку ФП7-програмата COST (European COoperation in the field of Scientific and Technical Research), 2008-2012, како и надворешен евалуатор за COST програмата 2012-тековно.
Експерт – рецензент за евалуација на проекти од Словенечката агенција за наука од 2015г.
Номиниран е и од Министерството за здравство за национален експерт за донација и трансплантација на органи при Регионалниот развоен центар за донација и трансплантација – Загреб, Хрватска (РРЦХ), при здравствената мрежа на Југоисточна Европа во периодот 2010-2013 г.
Интернационален советник е во РРЦХ за мрежата на ЈИЕ – (2012-тековно)
Член е на Declaration of Istanbul Custodian Group–DICG (трансплантација) 2010-тековно.
Лидер е за имплементација на KDIGO-препораките во Источна и Централна Европа – 2013-тековно.
Заменик-уредник на BANTAO Journal е од 2005 до 2009 година, а негов главен уредник е од 2009.
Коуредник е на Македонски медицински преглед (МЛД) од 2008 година, а негов главен уредник е од 2010-2016 година.
Тематски уредник – Nephrology Dialysis Transplantation, 2017 – тековно
Странски јазици
Англиски –Full professional proficiency- C2