Feugiat nulla facilisis at vero eros et curt accumsan et iusto odio dignissim qui blandit praesent luptatum zzril.
+ (123) 1800-453-1546
clinic@qodeinteractive.com

Related Posts

Title Image

Атанас Иваноски

Едукација

Атанас Иваноски е лиценциран психолог, магистер по психолошки науки и сертифициран психотерапевт во психотераписките правци Рационално-емотивна бихејвиорална терапија (РЕБТ) и Когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ).


Своето професионално усовршување го надградува преку РЕБТ и КБТ едукации за работа со деца и адолесценти, како и преку едукација за организациски когнитивно-бихејвиорален коучинг. Исто така, континуирано посетува дополнителни едукации и семинари со цел проширување на знаењата и унапредување на професионалните вештини.


Работното искуство го стекнува како психолог и образовен асистент во основни училишта, професор по психологија во средни училишта, универзитетски асистент, како и преку психолошко советување на ранливи групи граѓани. Има професионално искуство во областа на психолошката едукација, психолошкото советување и психотерапијата во рамки на сопствена приватна пракса. Најголем дел од приправничкиот стаж го реализира во областа на клиничката психологија и диференцијалната психодијагностика во психијатриски установи и одделенија.


Досега има објавено научни трудови во интернационални списанија и активно учествувал со постер-презентации на национални и интернационални конференции и конгреси.


Негов интерес од областа на науката се когнитивните аспекти на личноста, развојната психологија, психологијата на личноста, клиничката психологија и психопатологијата.


Член е на Комората на психолози, Интернационалното здружение за коучинг психологија и Српското друштво на психотерапевти.