Д-р Ивона Палашевска
Специјалист по гинекологија и акушерство
д-р Ивона Палашевска е специјалист по гинекологија и акушерство со повеќегодишно меѓународно клиничко искуство во областа на гинекологијата, акушерството, репродуктивната медицина и ултразвучната дијагностика.
Медицинското образование го завршува на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а специјализацијата по гинекологија и акушерство ја стекнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Ниш, Србија.
Поседува две магистерски дипломи: магистерски студии по Ургентна медицина на Универзитетот „La Sapienza“ во Рим, Италија, и магистерски студии по Хумана асистирана репродукција и ембриологија при IVI RMA, Универзитетот во Валенсија, Шпанија.
Своето професионално искуство го гради низ здравствени установи во Македонија, Србија, Италија и Канада. Значаен дел од нејзината кариера е посветен на репродуктивната медицина и современата ултразвучна дијагностика.
Поседува меѓународно призната професионална експертиза во ултразвучната дијагностика, со APCA/POCUS квалификации.
Нејзините професионални интереси дополнително се насочени кон менопаузалната медицина, хормонското здравје и медицината на долговечноста. Во оваа област континуирано ја надградува својата стручност преку меѓународни едукативни програми.
Нејзиниот професионален интерес е насочен кон интегриран и индивидуализиран пристап кон женското здравје во различните животни фази – од репродуктивниот период и планирањето на бременоста, до перименопаузата, менопаузата и здравото стареење.
Член е на Македонското лекарско друштво, Македонското здружение на приватни гинеколози и акушери, Српското лекарско друштво, APCA/POCUS и ISUOG.
Говори англиски и италијански јазик.
Со приклучувањето кон тимот на Поликлиника Биотек, д-р Палашевска го насочува своето професионално знаење и меѓународно искуство кон современа, персонализирана и медицина базирана на докази, со посебен фокус на репродуктивното, хормонското и целокупното здравје на жената.