Проф д-р Иво Ќаев
Доктор специјалист гинеколог акушер
Активно се служи со англиски и германски јазик.
На 01.02.2016 година е избран во звањето асистент-докторанд на Медицинскиот факултет на Катедрата за гинекологија и акушерство.
Во Јули 2019 се стекнува со титулата доцент по Гинекологија и Акушерство при Медицински Факултет во Скопје.
Во 2021 година завршува супспецијализација по перинатологија
Во Февруари 2024 избрана во звањето вонреден професор. Д-р Иво Ќаев активно е вклучен во повеќе експертски активности , како евалуација, стручна евалуација, давање технички извештаи, стручно мислење, систематизација и методологија. Учевствува и во развивање и изработка на национална програма и методологија на едукација на матични лекари во областа на Гинекологија и Акушерство.
Активно учествува на многу европски, интернационални и светски конференции, конгреси, работилници, состаноци, од кои најзначајни се: повеќе Ian Donald напредни школи за ултразвук во Романија, Албанија и Македонија. Во 2012 и 2015 год. го посетува и семинарот за репродуктивна медицина во Салзбург во организација на Американско Австриската Фондација.Како резултата на таа соработка во 2016 годнина во месец Април поминува едномесечна обука во областа на предвремено породување во AKH Виена.Во рамки на воспоставената соработка од неговата страна во Есен 2016 и во 2107 во два наврати Универзитетската Клинка за Гинекологија и Акушерство е домаќин на заеднички Македонско-австриски симпозиуми од областа на Гинекологија и Акушерство со присуство на еминентни професори предавачи од Универзитетот во Виена, Австрија како учесник, предавач и организатор на овие симпозиуми. Одржал предавања на институции од јавен интерес, културно-информативни центри како и на меѓунарони конгреси од областа на гинекологијата и акушерството. Учесник е на бројни работилници, школи и курсеви.
• Особена активност кандидатот покажува во дејностите од поширок интерес. Активно е вклучен во работата на стручни комисии и работни групи , како и други комисии и тела на државни и други органи :
• Стручно лице на “Член на Комисија за имплементација на стандарди за лекување на пациенти (претседател) “ 2015 како дел од Комисиите за имплементација на стандардите за акредитација на ЈЗУУ Клиника за гинекологија и акушерство
• Стручно лице на “Член на Комисија за клинички услуги“ 2017 како дел од Комисиите за имплементација на стандардите за акредитација на ЈЗУУ Клиника за гинекологија и акушерство
• Ко-истражувач на проект спроведени на Клиниката за Гинекологија и Акушерство :-
Медикаментозен абортус (2021-2022)
Нормални вредности на д-димери во бременост ( 2022)
• Кординатор и член за Р.Македонија предложен од Министерство за Здравство при Светска Здравстевна Организација во работната група за намалување на стапките на царски рез ( Воведување на Робсонова класификација за цраски рез)
• Член и волонтер во едукација на младинци во областа на Гинекологија и Акушерство – Црвен Крст, Скопје
• Член на Македонска Лекарска Комора, Скопје ,Макeдонија 2007 – до денес
• Член на Македонското лекарско друштво, 2007 – до денес
• Член на Македонското здружение на гинеколози и акушери, 2009 – до денес
• Член на Македонското здружени за перинатологија
• Член и дел од управен одбор на Македонското здружение за фетална медицина
• Учествувал во превод на протоколи по акушерство во соработка со UNICEF во 2010 годнина.
• Во соработка со ХЕРА и министерство за здрваство член на тимот за медикаментаозен абортус 2021 , а од 2022 дел од тимот едукатори за секундарните здравствени установи.
• Со УНДПА и Министерство за здравсто во 2022,2024,2025 вклучен во тренинг предавања и обуки од областа на перинатаологија низ секуднарните болници во Р. Македонија
• Член на Националниот комитет за безбедно мајчинство и здраво новороденче од 2024 година
