Feugiat nulla facilisis at vero eros et curt accumsan et iusto odio dignissim qui blandit praesent luptatum zzril.
+ (123) 1800-453-1546
clinic@qodeinteractive.com

Related Posts

Title Image

Проф – др. Гоце Спасовски

Проф – др. Гоце Спасовски

Доктор специјалист интернист, субспецијалист нефролог

Образование

2005 Субспецијалист нефролог – Медицински Факултет – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Р.С. Македонија

2002 – Доктор по медицински науки – нефрологија, Медицински факултет  – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј “, Скопје, Р.С. Македонија и Медицински факултет, Универзитет Антверп, Белгија 

1998 Магистер по медицински науки – нефрологија, Медицински факултет  – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј “, Скопје, Р.С. Македонија

1992-1996 Специјализација по Интерна медицина-Медицински факултет  – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј “, Скопје, Р.С. Македонија

 

Стручна и научна активност

Искуство и сертификација за работа на дијализа, како и за одделенски лекар на оддел за трансплантација на бубрег 1990-1997 г

ЕХО-сонографија работи од 1996 г како и Доплер на крвни садови на бубрег од 1999 г

Трансилијачна коскена биопсија од 1998 г.

Биопсија на трансплантиран бубрег од 2002 г, пункција на аквирирани цисти на бубрег со склерозација од 2008 г

Следење и лекување на болни со пресаден бубрег 1997 – тековно 

 

Работно искуство

1990 – тековно – Клиника за нефрологија, Медицински факултет Скопје, УКИМ

1993 – 1 месец престој во Катовице, Полска кај Проф. Ф. Кокот за работа во научно-истражувачка лабораторија и клиничка практика

1994 – 1997 (периодичен престој во траење од 1,5 г кај Проф. Марк де Бру) – работа на проект со лабораториски животни, едукација за изведување на коскена биопсија и хистоморфометриска анализа, како и следење на клиничката работа на Клиниката за нефрологија, Универзитет Антверп

2003 – Атина, Грција кај Проф. Х. Статакис на Клиниката за нефрологија и трансплантација за доусовршување во изведба на бубрежни биопсии со специфики за трансплантиран бубрег, како и следење на работата во амбулантата за трансплантирани болни

 

Публикации и презентации

  • Медлине публицирани стручни трудови 242 (највисок број на публикации на МФ Скопје)
  • Гугл сколар цитати 8280
  • Хирш индекс 43
  • Севкупен број на публикации (со книги и поглавја, учебници, статии) повеке од 550
  • Презентации на Конгреси и како поканет предавач повеке од 250

Професионални членства и активности

Член е на: МЛД и Лекарската Комора на Р. Македонија, International Transplantation Society, ESOT – European Society of Organ Transplantation, ESAO – European Society for Artificial Organs, EUTox – European Uremic Toxin group, ERA -EDTA – European Renal Association-European Dialysis and Transplantation Association и ASN – American Society of Nephrology.

Секретар е на МЗНДТВО (Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи) 2005/11, а од 2011 е претседател на МЗНДТВО.

БАНТАО (Balkan Cities Association of Nephrology, Transplantation and Artificial Organs) секретар е во периодот 2005-2007, а член е и на Советот на БАНТАО од 2007.

Претседател во избор на БАНТАО – 2019.

Редовен член е на Советот на Интернационалното здружение за прочистување на крвта е од 2018.  

Редовен член е на Советот на Европската ренална асоцијација, 2006/2009, и со втор мандат е избран за периодот 2016/2019  

Раководител е на ERA-EDTA комитетот за континуирана медицинска едукација  2009/2013 со годишна организација на околу 30 курса за континуирана медицинска едукација низ Европа, Балканот, Турција и соседните средоземни држави од афиканскиот континент.

ЕРА-ЕДТА номиниран претставник е во ЕУТокс Бордот 2013-.

Член е на групата за продукција на препораки во нефрологијата – European Best Practice Guidelines (EBPG) 2007/16-.

Раководител е на групата за продукција на препораки во областа на хипонатремија во нефрологијата, ендокринологијата и медицината во интензивната нега – European Best Practice Guidelines (EBPG) group for hyponatremia 2010-2013.

Член е на ISN – COMGAN комитетот за Источна и Централна Европа на Интернационалното нефролошко здружение во периодот 2007/2016-.

Претседател е на работната група 1 на EuroKUP (European Kidney and Urine Proteomics – WG1), иницирана преку ФП7-програмата COST (European COoperation in the field of Scientific and Technical Research), 2008-2012, како и надворешен евалуатор за COST програмата 2012-тековно.

Експерт –  рецензент за евалуација на проекти од Словенечката агенција за наука од 2015г.

Номиниран е и од Министерството за здравство  за национален експерт за донација и трансплантација на органи при Регионалниот развоен центар за донација и трансплантација – Загреб, Хрватска (РРЦХ), при здравствената мрежа на Југоисточна Европа во периодот 2010-2013 г.

Интернационален советник е во РРЦХ за мрежата на ЈИЕ – (2012-тековно)

Член е на Declaration of Istanbul Custodian GroupDICG (трансплантација) 2010-тековно.

Лидер е за имплементација на KDIGO-препораките во Источна и Централна Европа – 2013-тековно.

Заменик-уредник на BANTAO Journal е од 2005 до 2009 година, а негов главен уредник е од 2009.

Коуредник е на Македонски медицински преглед (МЛД) од 2008 година, а негов главен уредник е од 2010-2016 година.

Тематски уредник – Nephrology Dialysis Transplantation, 2017 – тековно

Странски јазици

Англиски –Full professional proficiency- C2

Emilija Velkova

emilija velkova

Доцент Д-р Велкова Емилија, високо образование стекнува на Медицинскиот факултет на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”, специјализација по Трансфузиона медицина на Медицински факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”. Магистер е по медицински науки во областа Трансфузиона медицина со труд под наслов :„ Имунохематолошка дијагностика на еритроцитната алоимунизација во бременоста и пуерпериумот„ и Доктор на медицински науки во областа Трансфузиона медицина со труд под наслов „ Имунохематолошка дијагностика и менаџмент на алосензибилизациите во тек на бременост кон антигените од Rh крвногрупниот систем.

Д-р Велкова Емилија има големо искуство и со менаџирање на здравствени установи. Од 2013-2017 ја врши должноста Директор на Институтот за трансфузиона медицина на Р. Македонија. Во 2014 е номинирана за член на Европската Комисија за Д-р Велкова Емилија во 2015 година е номинирана за контакт лице за соработка со Здравствена мрежа на Југоисточна Европа, во областа безбедност на крв. Во 2016 година е назначена за експерт во Комитетот на експерти за трансфузија на крв на Советот на Европа/CD-P-TS.

 

Доцент Д-р. Емилија Велкова

Доктор специјалист по трансфузиона медицина

Доцент д-р Велкова Емилија, родена на 9.11.1959 во Скопје. Д-р Велкова Емилија е истакната личност со долгогодишно работно искуство во својата област. Д-р Велкова Емилија е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство.

Доцент Д-р Велкова Емилија е експерт во областа за пренатална дијагностика и имунохематолошки пореметувања кај бремени жени, проблематични пациенти и консултации во врска со појава и интензитет на хемолитична болест на фетус и новородено кај бремени со антиеритроцитни антитела, како и препораки за сигурна трансфузија кај сензибилизирани пациенти и реакции при трансфузии на крв и крвни компоненти кај пациенти.